Прошетка низ Скопје
Петокот излегов да прошетам низ центарот на градот,сам и без никаква придружба.Како навлегувам кон центарот гледам дека се е отидено јабана; Скопје би требало да биде еден од најубавите градови.Многу е гнасно и валкано,неодржувано,расипано од постојано присуство на автомобили,бучава.Незнам кој е градоначалник но,треба само десетина минути одење по улиците за да се забележи дека тој е сосема некомпетентен,или корумпиран.
Што е уште полошо: има десетици и десетици хулигани кои крстосуваат по улиците со мотори и скутери,оставајки мирис на изгорен бензин.Целта им е да прават еден силен и прскав звук,најнепријатен што постои,бучавата е навистина неподнослива.
Се упатувам во централното јадро на градот.Широк плоштад опкружен со многу кафулиња,ресторани и луксузни продавници.Покрај ,,камениот мост” , група на мотивирани ,,скејт – борџии” направиле површина за возење и лудување.Тоа ми се виде супер.
Но комплексноста на местото не запира тука; седнувам на една бетонска плоча,силно решен да ги разјаснам работите.Факт е дека се’ наоѓам во срцето на градот но,каква игра се игра тука точно? Забележувам дека луѓето главно се движат во големи групи,или мали групи од двајца или шестмина.Ниту една група не ми изгледа сосема иста како другата.Очигледно си наликуваат многу,но таа сличност не може да се нарече идентичност.Како да одбрале да го конкретизираат антагонизмот кој неминовно го придружува секој вид на индивидуалност.
Ги гледам сите наликуваат еден на друг и имаат малку поразлична облека,движење,гестикулација од другиот или од групата.
Забележувам дека сите овие луѓе изгледаат задоволно сами од себе и од светот; тоа зачудува,односно, малку плаши.Се шетаат дискретно,имаќи залепено на лицето,кој презива насмевка,кој глупав израз.Забележувам на крајот дека се чувствувам различно од нив,но таа разлика никако не можев да ја прецизирам или објаснам.На крајот се уморив од тоа безизлезно набљудување и се сместив во едно кафуле.
Нова грешка.Меѓу масите кружи огромен вучјак,уште побрутален од повеќето од неговата раса.Запира пред секој муштерија,како да се прашува смее или не да си дозволи да го гризне.
На два метри од мене,една девојка е седната на маса пред голема шоља ,,капучино”.Животното стои долго пред неа,ја надушува шољата со својата муцка,како да ќе го измљацка со едно големо движење на јазикот.Чувствувам дека таа почнува да се’ плаши.Станувам,сакам да интервенирам,го мразам овој вид на кучиња.Но конечно,кучето си заминува.
Потоа станав и полека шетав.Подалеку од кафулето видов свадба; ,,Многу старовремска” – си реков.Сиво – син костум,бел фустан и цветови од портокал,деверуши…Бев седнат на една клупа и посматрав.
Младоженците беа прилично во години.Дебел тип,малку црвенкаст со изглед на богат селанец.Жената малку повисока од него со аглесто лице и очила.Сето тоа оддаваше,за жал,мал впечаток на комичност.Неколку млади,минуваќи се зезаа за фаците на младоженците.Природно.Неколку минути можев да го набљудувам тоа,строго објективно.И потоа некое непријатно чувство ме обзеде.Станав набрзина и си заминав дома.
ВО ШТО СЕ ПРЕТВОРИВМЕ?
Кога кје дојде време да се запрашаме во што се претворивме,некој кје донесат јасен заклучок : во правила и прописи,во шеми и шаблони, во клонови и слонови, во идеалисти, во празноглавци, во паметни, во глупави, во фанатици, во ироничари, во… Понекогаш мислам дека може да се’ успее без правила но,секогаш кога верувам дека играм без правила, јас всушност сум во некакво правило. Стaнуваш наутро,одиш да си го поплниш формуларот за плаќање на данокот.Сметките се подмируваат во дадениот рок.Никаде не излегуваш без лична карта и платежна картичка.
Сепак немаш пријатели.
Правилата се секогаш коплексни од повекје аспекти.Тука се секојдневните регулативи што те водат кон уште ,,Бирократски шалтери”.Покрај ова можеш и да се’ разболиш па, животот да ти се искомплицира со нови формалности.
-Сепак ни останува слободно време?
-Што да се прави?
-Да се влезе во депресија или да се слушаат дискови?
Како проаѓа времето разбираш дека музиката одамна не допира до твоето уво. Перверзијата е нашата реалност и нашето секојдневие.Човек има потреба од авантура и еротика за да може да се слушне себе си како повторува: ,,Колку е животот чуден и возбудлив!”,а сепак не е сигурен во тоа. Што е со тезата дека целиот свет е ,,витално исцрпен?”. Без секс,без амбиции и без вистинска забава? Ми се чини дека целиот свет е помалку таков. Се’ сметам себе си за нормален тип.Можеби и не е точно,ама што е точно,а? Да кажеме 80% нормален.Всушност може сакав да кажам дека целиот свет е помалку Промаршен случај… Верувам дека од тука почнала цивилизацијата и подобрувањето…
Kако настана LACOSTE
Тешки времиња дојдоа за човек што продава кошули.Неговата роба не се продаваше и тој не можеше ништо да заработи.Почна да се моли и рече, ,,Господи,зошто ме остави да се мачам? Сите мои не-пријатели одлично ја продаваат својата роба,освен јас.А токму сега е сезона.Моите кошули се добри.Види ги,на пример,овие од вештачка свила.Се закопчуваат со копчиња,имаат широки крагни,а не се продаваат.Иако послушно ги извршував твоите заповеди.Зошто не можам да заработам за живот,барем колку мојот помлад брат кој е чистач во детскиот конфекцисики оддел?”
И Бог го слушна човекот и му рече, ,,Што се однесува до твоите кошули…”
,,Да Господи?”,рече човекот,подклекнувајки на коленици.
,,Стави крокодил над џебот”.
,,Пардон?”
,,Само направи како што ти велам.Нема да зажалиш”.
И човекот,на сите негови кошули заши мала сликичка од крокодил.Одеднаш неговата роба почна да се продава како алва,и тој многу се радуваше,а неговите не-пријатели плачеа и шкрипеа со забите,а еден од нив рекол, ,,Бог е милозлив.Ми нареди да легнам на зелено пасиште.Проблемот е во тоа што сега неможам да станам".

Сајбер Секс за возрасни:ИТНО!!!
Во првобитната фаза на капитализмот не’ постојат етички комитети кои би служеле претпријатието да не се’ огреши во своите етички норми поради Журбата за профит.Дојдов до една ИДЕА!
Читајте внимателно,
-Гледам со едни клинци ТВ,има прекрасни емисии.Децата преку своите фиксни телефони можат да играат со своите омилени јунаци на својот ТВ. Вечерта гледам исто така фин свет, само што овај почнува во 00часот, а трае до раните утрински часови.
На тој програм се слеваат газенца…граденца..путенца….па и двајца на двајца,па тројца на тројца…итн. Е сега,гледачот е пасивен,не може да учествува и се фрустрира, наутро оди на работа незадоволен.
- ,,Јас мислам да се’ направи игрица за возрасни, нацртана ‘гола жена’ да се шета на екран,и секој домаќин да може да заврти број,да ја одбере самиот ‘онаа ствар’ и да може да ја ‘работи’ сајберски како сака”.
-Бидејќи не спаѓам во никаков страстен машки шовиниста,предлагам иста ,,направа” и за жени.Како би било прекрсано кога оваj народ би бил по -расположен и по – неисфрустриран.
-Едукативниот аспект на ,,сајбер технологија” исто така би бил евидентен. Но,најважниот детал би бил тоа што обичниот граѓанин би увидел дека некој се’ грижи и за неговото лично задоволство.A за телефонските компнии и нивната заработка да не говорам,тоа се подразбира.
НАВИКИ…
Kреирање на јавно мислење низ јавни гласила/весници/медиуми, е стар занает,само е прашање е на која област сакате да се насочите. Некој својата моќ ја користат да продадат филм,други ја користат својата моќ да продадат книга,трети да се продадат себе си,а останатите да исмејуваат: себе – други итн. Меѓутоа,во областа во која се врши притисок на јавното мислење,може всушност да се открие правата амбиција на Протагонистот.
На прв поглед можете да откриете дали му треба вашата помош или дали ве моли за некаква услуга.Мене ми причинува голема радост и сакам да го споделам со вас моето Џогирање.Летоска се фалев наоколу со мојот точак,но стигна есен,па стигна и зима,па се затворив во кола,слабо се движев па се поправив и знаете и сами како одат тие работи,па исто така и залепив (некој го викаат) ‘Депресија’.
После (ми пукна фил), почнав да пешачам,набавив зимски чизми и сите мој потреби ги извршував пешки. Кондицијата ми се врати,а со тоа и моето расположение.
Во Скопје е занимливо,се налетува и на некаква распродажба,и секогаш има некој интересен настан. Е сега замислете ja оваа ‘утописка ситуација’ – Сите да се’ вртиме во круг, и цела нација ги користи своите Табани за превоз? Замислете како кје биде убаво и здраво.
А што не спречува? – Само лошите навики.
ПЕШАЧКА ЗОНА
Правиот цар ни во клозет не оди пешки.
Во сите градови на Европа постојат многу големи/широки пешачки зони,а некаде е забранет и голем круг на сообраќај. Зелените површини се тотално заштитени,во случај да не влезе некоја будала. Живеам во мал стан, ама имам голема срекја што имам огромна тераса која сам си ја нареков "слободна пешачка зона”. Бидејки се уште немам деца (знам дека кје биде тоа за нив најслободното игралиште во цело Скопје),знам и по цел ден да седам и уживам во кафе и во сонце.
Меѓутоа,така не е во градот.Дете не пуштам да игра пред зграда без армија обезбедување.Ова е тотално лудило,човек мора да е нон – стоп на штрек. Понекогаш градот е мил и пријатен за шетање но,оддеднаш се’ претвора во полигон од армиски и теретни возила. Тука не може да се заобиколат луксузните возила кој недај боже човек да предизвика некаква штета или нешто сл,трошокот е повеке кратен.
Е сега доаѓаме до клучната дефиниција за грaдот; човек во Скопје со неговата кола оди дури и на мочање.Ова е одвратна навика која ја гаеме со генерации.
Во големиот свет,цивилизираниот човек – како се повекје се’ богати, така e се’ повеќе и повеќе поскромeн, и се труди со околината да воспостави голем Хармоничен контакт!
Зелените градски површини треба да преставуваат ,,Светиња”. Но во нашиот случај постои одредена Социјална категорија на луѓе, кој се’ убедени дека никој и ништо не може да им забрани!
Едвај го чекам денот кога кје можам на мира да прошетам,испијам кафе и речам: ,,Секоја чест,баш е пријатно денес”.
ЗАБРАНЕТO ЗА ЧИТАЊЕ 3 дел
Eден човек се буди и гледа дека преку ноќ се претворил во неговото сопствено стапало.(Оваа идеја може да функционира на повекје нивоа.Од психолошки аспект ,таа ја одликува суштината на теоријата на еден ученик на Фројд,кој се занимавал со пациенти кои имале сексуални склоности кон сланина.
Решив да ја раскинам мојата свршувачка со В.Потоа почнавме да се расправаме и таа повторно спомна да имаме деца,но веднаш ја разубедив така што и реков дека кје бидат премногу мали. Како да верувам во Бога,кога минатата недела јазикот ми се заглави на електрична машина за пишување? Ме мачат сомнежи.Што ако се’ е илузија и ништо не постои? Во тој случај,ужасно го преплатив мојот тепих.
Ех,кога би можел да добијам некој јасен знак од Бога? На пример,уплата на голема сума на пари на мое име во некоја швајцарска банка…
Денес бев на кафе со еден мој пријател.Ми раскажуваше за неговата идеја да направиме референдум и да ги натераме сите министри во владата да се шетаат облечени како кокошки.
Додека бев на мојата вообичаена попладневна прошетка околу мојата зграда,повторно ме мачеа морбидни мисли.Што е тоа околу смртта,што толку многу ме окупира? Веројатно часовите што ми останаа до неа. Пријателот ми вели дека душата е бесмрттна и дека продолжува да живее откако телото кје откаже,но ако мојата душа продолжи понатаму без моето тело,убеден сум дека сите мои алишта кје ми бидат прешироки.Како и да е… И покрај се’ не морав да раскинам со В.Затоа што судбината сакала таа да побегне во Финска со еден професионален циркуски шут.Сето тоа кје испадне на добро,се надевам,иако повторно имав еден од оние напади кога почнувам да кашлам од ушите.
(КРАЈ)
ЗАБРАНЕТО ЗА ЧИТАЊЕ 2 дел
Денес го сретнав брат ми на еден погреб.Не сме се видели цели три години,но како и вообичаено тој извади свинска муцка од џебот и почна со неа да ме тепа по главата.Времето ми помогна да го разберам подобро.
Конечно ја сватив неговата изјава дека јас сум ,,еден обичен инсект кој единствено е погоден за истребување ”,всушност,беше искажана повекје од сожалување одколку од гнев.Признавам: тој одсекогаш беше попаметен,пообразован,поснаодлив,покултурен.Само не ми е јасно зошто сеуште работи во сендвичара.
Господи,зошто чувствувам толкава вина? Можеби затоа што го мразев татко ми? Се’ започна заради инцидентот со парче телешко месо.Од каде јас да знам дека тој крие живо месо во својот паричник? Ако го послушав татко ми,сега кје изработував шапки за да преживеам.
Се’ уште можам да го слушнам: ,,Да се изработува шапка – тоа е суштината на животот ”.Се’ уште незнам што значеше тоа.Колку тажен човек беше татко ми.
Кога еднаш како малечок во основно,работев еден ,,скеч” кој се викаше: ,,Гас во училницата”,татко ми влезе во салата во свечен костум и гас маска на лицето.
Денес го гледав залезот на сонцето и си помислив,колку сум мал и безначаен! Се’ разбира,истото го мислев и пред некоја ден кога врнеше дожд.Ме обзеде гнасење од себе си и повторно посакав да се убијам – овој пат така што кје седнам покрај неизбањат трговски патник и длабоко кје вдишувам.
(ПРОДОЛЖУВА…)
ЗАБРАНЕТО ЗА ЧИТАЊЕ!
Кога конечно заспав,повторно го сонував истиот ужасен кошмар во која една верверица се обидуваше да се пикне под покривката на мојот кревет.Очајно.
ИДЕЈА ЗА РАСКАЗ:
-Еден човек се буди и гледа дека неговиот папагал е прогласен за Министер за земјоделие.Заради тоа го обзема љубомора и се обидува да си го разнесе мозокот,но за срекја пиштолот е играчка,со мало знаменце – кое излегува од цевката и на кое е напишан зборот ,,Бум”.Знаменцето го погодува човекот в’око и тој продолжува да живее како осамено суштество во кое,за прв пат,може да ужива во единственото задоволство на животот,како на пример фармерство или седење на црево за воздух.
МИСЛА:
Зошто човекот убива? Убива зради храна.И не само заради храна: често и за пијачка.
-Треба да се оженам со А? Не,ако не сака да ми ги каже останатите букви од нејзиното име.Проблемот е и нејзината професија.Како може да барам од една толку убава жена да се откаже од возење ролери? Одлуки,одлуки…
Повторно пробав да извршам самоубиство – овој пат така што го навлажнив носот со вода и го ставив во отвор за светилка.За жал,се’ појави краток спој во електричната инсталација и едвај се повредив.Се’ уште обземен од идејата за смртта,постојано размилсувам.Се’ прашувам дали постои задгробен живот и,ако постои,дали може да ми раситнат илјада денари?
(ПРОДОЛЖУВА…)
ШТРАЈК СО СЕДЕЊЕ!
Штарјк со седење.Треба да се оди до одредена дестинација и тамо да се седне,ама да се седне до крај; во спротивно само кје се клечи,а тоа е положба од кое не можеш да извршиш никакво политичко влијание,освем ако и владата не клечи во исто време.(Ова се случува ретко,но може да се случи и владата да потклекне ако времето е студено).Трикот е во тоа седење да продолжи се’ додека не се прифатат барањата,но како и кај штрајкот со глад,владата има суптилни начини за да го натера штрајкувачот да стане.Така на пример владата може да рече:
,,Во ред,сите станувајте! Затвараме.” Или, ,,Извинете,може ли да станете за момент,зошто сакаме да видиме колку сте висок?”
Демострации и маршеви
Демостарции и маршеви.Клучна поента на демостарциите е дека тие мораат да бидат видени.
Оттука доаѓа и терминот ,,демостарција”.Aко некој се демострира приватно,во својот дом,тогаш тоа технички не е демострација,туку ,,глупост” или ,,однесување како магаре”.
Убав пример за демостарција била Бостонската забава со чај,на која група гневни Американци,маскирани како Индијанци,го фрлиле Англискиот чај во заливот.Подоцна,Индијанците се маскирале како Американци и во заливот ги фрлиле Англичаните.Заради тоа,Англичаните се маскирале во чај и почнале еден со друг да се фрлаат во заливот.На крајот, некој Германски трговци,облечени во костимите од преставата Тројански Зени,се фрлиле во заливот без некоја видлива причина.
Кога се демстрира, добро е да се носи некаква парола за да се изложи барањето на штрајкувачот.Некои препорачливи барања се:
1.Намалете ги даноците.
2.Зголемете ги даноците.
3.Престанете да им се смеете на останатите.
Други методи за граѓанска непослушност
-Да се сопре сообракјајот со тоа што кје се доведе стадо овци во центарот на градот.
-Да се звони по телефон кај членовите на ,,естаблишментот” и да се пее песната ,,Балагица ти си моја жена” во слушалката.
-Штарјкувачот да се облече како полицаец и да потскокнува.
-Штрајкувачот да се преправа дека е ортичока и да ги клоца луѓето кој поминуваат покрај него.