JOVANOVIC.blog.mk


За Љубовта

Posted in раскази by нашпознатблогер on the февруари 12, 2008

Како да сум повикан да учам нешто големо и трајно.
Како да сум спремен со твојата љубов да се совладам самиот себе, сета немоќ, и оние кои се мртви, и оние кои ми нанеле болка, и оние кои ми донеле радост.
Сенкните на некој мој идни животи ги препознавам, а жеден сум, како што сум жеден по твојата љубов, допирите, постоењето.
ТЕ САКАМ, значи барам смисол, спремен сум и отворен.
ТЕ САКАМ, значи дека ја живеам вистината и треперам со самата помисла на тебе. Ти благодарам на се колку и да траеше.
Љубов моја, сиромашни се оние кој никогаш не љубеле! Јас не сакам да те учам веќе сакам да те љубам, тоа е возвишениот чин на спознанието.
Ме тера некоја силна потреба да бидам со тебе.
Тогаш и мојот живот добива смисла. Мојата судбина добива нови облици осмислени со тебе. Заради твојата љубов тие облици добиваат непроценлива вредност. Зар можам да очекувам повекје?
Понекогаш се прашувам од каде доаѓа Љубовта?
Од каде таа снага и немоќ истовремено?
Откаде облаци од твојот лик што ме прогонуваат од час во час?
Мислам дека не можам да те одвојам од себе, ти си суштината на мојот живот.
Како, зошто, не е доволно само да се каже ТЕ ЉУБАМ.
Ти се плашам, те посакувам и ти се плашам, те мразам и те убивам секојдневно, затоа што ти си мојот страв и моја несоница, моја ограниченост, моја глупост, моја тупавост. Во сите мои дела само ти си ВИСТИНА, во цело мое постоење само ти си вистинска!
Кога кје ти кажам ТЕ САКАМ помислувам на тоа што прави овај збор, на се она што си проживеала, што го живееш, и што кје го живееш.
Колку само може да недостига нежноста и милувањето…
Те сакам во времето на многубројните животи: тоа значи да се победи смртта.
Ама чувсвувам дека би погрешил или би те уплашил. Јас не се сомневам во твојата искреност, во се што ми подари за време на љубовта. Сега знам од каде извира таа љубов и со тоа спознание можам да одам на пат и кје знам дека секогаш и секаде кје бидеш со мене.

Тоа е се засега, за еден живот, за делче од овој мој древен живот во кој се обновуваат сите мои радости и страдања. Ти си навистина мојата љубов за сите времиња!