JOVANOVIC.blog.mk


Писмо до министерот за образование

Posted in колумни by нашпознатблогер on the мај 12, 2008

Почитуван господин Рушити!
Како министер за образованието ве прашувам како кје се борите со академскиот рекет, каде факултетските учители, како мангупи што некогаш продавеле цигли, на студентите им го  нудат бесрамно своето „трнливо дело – препишано четиво во еден здив.

Претпоставувам дека и самите вие сте се сретнале со ваков беден лунперај. Авторот повторно безсрамно „шамаранеколку стотици страници  цитати, некаде со наведување на изворот, а некаде и без тоа. Парадокс е во тоа што книгите се „шминкаатсо некакви „помодарскифракталчиња на идиотизмот бидејќи истите нема да се продаваат во книжарите (а тие се свесни за тоа) – па како рече мангупски „бабо” – шибни му ја на студентаријата!

Плата мала, жената не работи, па докторот фино се сетил, кој не купи книга, нема потпис.

Значи, корупција на факултетите. Имав и јас таков професор. Нема да му го напишам името затоа што знаете каква е таа факултетска мафија, кје ве зачекаат некаде во тесно и кје ве претепаат со „смотанитеинтелектуални трудови. Оф Министре, како тој извлекуваше пари од нас, сиромашните студенти дојдени од провинција. Најпрво кје ги изгубевме парите на карти во студенскиот дом, а потоа тој докторот ни ги бараше парите и од медот.
Мед?
Да, мед, овај домашниот, не верувам дека постои индустриски.

Еве, господине министре, јас ви кажав што имам да ви кажам, а вие видете дали тука може нешто да се исправи. Би ценел многу повеќе, како и во безброј случаеви досега, не правете ништо. Всушност, јас не очекувам и ништо од вас, само се заебавам.
Бидете поздравени,
Ненад

Што кје правите ако сопругата ви се Клецне со некој Интелектуалец?!

Posted in колумни by нашпознатблогер on the мај 9, 2008

Интелектуалците не можат да се сетат на ниедна чесна работа освен на народот да му продаваат демагогија и да го шишаат и манипулираат благодарение на „празна слама”. Според тоа, гледате дека тоа е работа на луѓе кој имаат „интелектуални потешкотии” (егзистенционалните одамна ги соџвакавле – остана само да се „детектиракој е интелектуалец и со што тој треба да се занимава?).

Човек кој се нарекува „интелектуалец” не е никаква од Бога дадена професија во која човекот е горд на себе што е „предодреденда манипулира и да шири разни непотврдени или неистражени дефиниции; некаде во цивилизирани земји тоа се вика Демагогија. Демагогија не е  ни именка ни придавка ни метафора.  Демагогија е човек, човек со мускули кој има можност да ги задоволи најшироките маси и најниските страсти.

Кога  за некој се вели дека е „интелектуалецмене ми се превртува желудникот и ми проработува Тироидната жлезда.  Значи, „човек интелктуалецне е никаква интелектуална дијагноза, ами психијатриска. Кога интелектуалец кје сконата дека е смртен и со самото тоа ограничен, тој добива желба да јави кај себе – да им јави и на другите дека некаде нешто кочи, некаде нешто смрди. Единствена разлика од „интелектуалец  до интелектуалец е во начинот на соопштување или во начинот на пишување: патетичен, остар или либерално – пацифистички. Оваа последна категорија ми е одвратна: Пацифисти се луѓе кој се идијоти. „Љубете се и запретеги војните,  a дома си фрлаат ножици и виљушки брат на брата си.

Значи, „интелектуалецот има потреба со самото тоа што е смртен и ограничен да „пика прст во окона другиот – тоа е желба за комуникација – ништо повекје. Овие луѓе некаде во детството им се јавила некаква невроза, и со самото тоа добиле  јака потреба за комуникација – и сега таа комуникација не им е доволна „еден на едени тие  сакаат да комуницираат со повекје луѓе на различни начини.

Така и сликар кје наслика слика и кје направи изложба , луѓе кје дојдат, кје ја купат сликата и кје си ја закачи на зид во својот дом, и така тој со години комуницира со таа слика; со самото тоа сликарот ја исполнил својата „невроза– насликал за својот живот илјадници слики и знае дека е во илјадници куќи каде тамо се наоѓа и таа негова енергија.

Значи „интелектуализмоте некоја штака или некоја појава која доаѓа  со самата невроза и желбата  за комуникација. Претпоставувам дека тоа  е некоја можност за упешен и срекјен живот. Ете, тоа е се засега, верувам дека кје можам да ви напишам уште по некоја дефиниција или ви дадам уште по некој совет – но тоа не е гаранција дека Вас не ве демне опасност од тоа што некој  „интелектуалец  има желба да ја „клецневашата сопруга.

АПЕЛИРАМ: ЖИВОТОТ ДА СЕ САКА ПОВЕЌЕ ОД САМИОТ СЕБЕ!

Posted in лично by нашпознатблогер on the мај 5, 2008
Неверојатно! Кога и да налетам на некој "лудак" – гледам дека и за него важат истите "Анархистички закони". Мислам на следново: се во животот е погрешно, и кога кје направиш нешто "намерно" погрешно, тоа донесува феноменални резултати. И сега  употребувам малку "сива маса" и доаѓам до заклучок дека  информациите во суштина се Вируси кој го напаѓаат мозокот; вируси кој му пречат на мозокт правилно да функционира. Значи, ако се употреби малку логика кје се дојде до заклучок дека науката е присилен апарат единствено на луѓе кој се на власт. Истото еи со медицината. Па имаме илјадници случаји како медицината дига раце од луѓето секојдневно.
 
Исто така имаме и илјадници примери на луѓе кој ја заобиколиле науката и дошле до феноменални резултати. А да не зборувам за уметноста. Имате два типа на уметници: (1-от) – мама и тато го запишуваат уметникот на Академија, и тој тамо нешто дрнда и ствара. И имате уметници кој го сакаат животот повеќе од самите себе, и тие ствараат (според мене) една правa и искрена уметност. Сакам да кажам дека не може да се биде паметен и интелегентен исто како што не може да се научи да се биде уметник.
АПЕЛИРАМ:
"ЖИВОТОТ ДА СЕ САКА ПОВЕЌЕ ОД САМИОТ СЕБЕ!" 
 
PS
Jaс на пример секое сабајле си викам: "Ебате чоекот, пак се разбуди. И уште си викам: Денес, ако ми се случи нешто лошо и тажно… па подобро тоа отколку ништо да не ми се случи."
Ете, тоа е се засега.