JOVANOVIC.blog.mk


Иднината на Entertainment

Posted in филозофија by нашпознатблогер on the јуни 29, 2008

Kako кje изгледа Ентертејментот во иднината многу  интересно прашање e и за ЕXIT, а исто и за авторите кој немаат намера да бидат прегазени од самата технолoгија и самиот сензибилитет. Факт, хомосапиенсот во последниве 300 години страшно силно еволуира. Училиштата и Универзитетите  годишно на ниво на цел свет исфрлаат повекје од 300-тини Виртуози. Со самото тоа, мнозинството изгуби на соспствен значај или идентитет. Значи, се’ што е Виртуозно е "OFF", a притоа политички некорекно према физички "Disabled" луѓе  кои  конечно со масовна употреба на Компјутер станаа еднакво силни на сите видови интелектуални или општествени елити, освен во професионалниот спорт.

Виртуозноста на еден инструмент природно е деградирана од Арт во Спорт вештина. Познато е дека технологијата секогаш ги диктира промените во самиот Арт. Таков е изумот со електрична гитара, таа го створила Рокот, а Ритам машината го створила Хип-Хопот и Денсот.  Видео-бимот ги натера музичарите визуелно да се изразуваат како знаат и умеат, а компјутерот ја донесе перФекцијата во изведувањето. Припремата е долготрајна и макотрпна, меѓутоа самиот Артистички чин е лишен од физички и емоционален напор  што во иднина на една бина кје донесе да имаме Мртва слика и мртов звук, а со самото тоа од Хард дискот кје имаме: атавистична, мускулна, хормонална програма.

Таков пример е балетот или еротскиот валцер. Интерактивноста во последно време стана свет збор, но, сосема е сигурно дека интерактивноста и самиот перформер во контакт со публиката кје мора да се ускладат т.е нема да бидат векје доволно оние пароли ,,Рацете Горе!" или ,,Aјде сега сите Заедно!"

Значи,она што следува е потполно логично.

Енергијата на еден Перформер кје биде пропратено со слика, тон, интеракција, музика, живост, емоција, еротика, жив контакт и секако во комбинација со глобална компјутеризација и интернет кје донесат нова форма на Звезда во Шоу Бизнисот.  Таа личност кје мора да има ренесансен и сезнаен карактер, таканаречен „Сезнен Хомосапиенс‘‘.

Исто така кје мора да познава: Историја, музика, филм, театар, култура, секти, сликарство, компјутери,  политика, бизнис итн. Но притоа, не смее сексуално да општи со публиката на разни прашања и секако одговори.  Слабите ингеренции на црквата и канцелариите за хуманитарни права кје се либерализираат и кје се ангажираат во овај ,,Eнтертејмент".

Ретардираните луѓе кје бидат вклучени во Шоу Бизнисот. Секако со помош на пластична хирургија, истите кје бидат помогнати од креативни протагонсти. За брзо кје видиме во иднина на бината занимливи ликови. Комбинирано со потреба за адреналински шок , кое во Европа се повекје се користи/зема, и сосема е сигурно дека на самата Бина може да го очекуваме и самиот Ѓавол кој денса скока и сексуално го возбудува целиот Аудиториум.

Машкиот алкохолизам почнува јавно, а женскиот тајно

Posted in колумни by нашпознатблогер on the јуни 26, 2008
На мажите алкохолот им претставува забава. Секогаш кога кје се напијат сакаат пред народот малку да се покажат. Мислат дека се смешни. Кога се пијани и спермни за удварање на некоја жена, веруваат дека се сјајно друштво. На жените пак, им е премногу мачно кога кје им се приближи некој што базди на ракија, се чувствуваат понижено, непријатно им е кога кавалерот кје тргне со муабет а после две секунди падне од столот, затоа што жените сериозно го доживуваат алкохолот.
 
Но, гледате и сами колку во суштина сме различини ние со жените. Мажите (уште од времето на Филип и Александар, па и Аростетел и останатаите пијандурски теоретичари) се гордеат со снагата и количината колку многу можат да испијат (дури и онаа француска будала Бегбеде, писателот: ко некој Стиховен Калибар се понаша: пијам, пушам, ебем, коли, дрога, алкохол…ааааааааа!…), а жените, секогаш тоа го прават тајно, скришно, интимно.
 
Машкоиот алкохолизам почнува секогаш јавно и од бес, додека женскиот, од јад и чемер, сосема приватно. Како и во многу нешта, мене женското стојалиште ми е многу по блиско.
 
Пред некоја ден земам нешто да чепкам по полици и фиоки, и од некое необјасниво гледиште низ мене проструи некоја инфериорност и рамнодушност кон фудбалот, оружјето, автомобилите и алкохолот. Накратко, се што мажите ги прави мажи – мене ми е тотално безвезе. Секој разумен и здрав маж мене би ми рекол да си го проверам хормонскиот нагон кај доктор. Мора да нешто со мене не е во ред кога не посакувам да ги читам Спортските весници или да се „кликотам“ на некој вицеви за пијаници.
 
„Виктор, малку се напи …“, па зема да треска некој вицеви за пијаници па сите се навалија према него со смеење, а јас блееам како некое теле од Того. Никако не можам да разберам што е тоа во пиењето што на мажите им е смешно. Таа фасцинација мене ми е потполно инфантилна, да не речам детска. Ќе тргне така во трета год. средно да пие, со мангуписки финти кје почне да се докажува дека може да испие 1кг. Водка, а веќе за дваесет или триесет години кје го започне утрото со кафе од кое ќе му се тресе целата рака и тело.
 
Незнам, можеби не сум во право, можеби сепак треба да го направам онај хормоски тест кај доктор и едноставно да почнам да пијам, а јас сепак, на Полицијата би им апелирал слободно да ги шамараат пијаните господа што се прибираат од разни матури, крштевки, слави или други „алкохоличарски“ свечености.

Зошто не сум против корупција во здравството

Posted in раскази by нашпознатблогер on the јуни 9, 2008

Читате вие некролози?
Јас редовно. Наутро со кафе, ги проучувам скаменетите, пропаднати лица пресликани од старите патни исправи, и баш ми е интересно кого тој ден нема да сретнам во градот.

Некролози без слика со индигнација одбивам да читам. Допуштам вие да мислите поинаку, а всушност не можам да разберам зошто некоја фамилија би штедела на покојникот.

Знам дека не е се во парите но, исто така е убаво кога некоја фамилија кје се потруди да испадне честита, честита за нив и честита за покојникот. Ценам исто така кога под сликата кје стават и некоја песна, некоја минијатурна стихотворба:
„Oвена цвету мили
моето срце за тебе цвили“
или „Збогум драги дедо,
цело село за тебе рика“,
или на пример некој верници пишуваат:
„Отиде на начин тажен,
стој илјади денари ми остана должен“…

Макар и да не го познавате тој што е умрен, признајте, едноставно ве боде во градите. Така е силен нашиот песнички живец, а тоа го сфаќете откако кје ја прочитате посмртната песна.

Да не должам, така јас седам со утринското кафе и ги читам некролозите и гледам дека ми починала некоја тетка. Ништо страшно, далечен род, за малку немаше ни да ја познам на сликата. Матно се сеќавам само на некакви замастени ментол бомбони, кје ни дојдеше на гости и мене и брат ми, незнам зошто, не тераше да и кажеме фала. Но, добро, одам јас на погреб, знаете колку кај нас се важни тие работи за една фамилија. Се обновуваат, макар и само на еден саат, раскинатите врски меѓу роднините, потоа гледате некој луѓе на кој комплетно сте заборавиле. Не дека, рака на срце, нешто посебно ви недостигале, но поради нешто чувствувате дека ви е драго што сте заедно. Откривате што е ново во нивните животи, помалку се правите важни, си покажувате едни на други фотографии од децата, некој тивко ќе каже некој виц и сите тивко се кезат додека погребниот говор трае.

Нејсе, одиме ние со достоинствен чекор по лакираниот сандак, кога позади мене некој тетин… всушност не ми е тетин, туку… не е важно. Стојмир се вика.
„Луѓе, да го ебам“, извикна со загрижен тон, „Кажете ми што да правам“.
„Што бидна?“
„Мајка ми е многу лошо. Не може да изоди пет метри, а да не се загуши и испоти. Ја носевме на доктор, тој не испрати кај специјалиста, да не ви расправам на долго и на широко, треба да и се вгарди бај- пас.“
„Па колку тоа кошта?“
„Две илјади евра“, простенка тетинот. „Мислам, не кошта ништо ако имаш врска, а вака кошта две илјади евра.“
„Ѓубре едно“, рипнав jaс, „Ништо не му давај!“
„Не разбираш што е работата“, ми објаснува тетин ми Стојмир тивко. „Мајка му на Мирко, Милена, има германска пензија, а Мирко и жена му се незапослени. Ако не и вгради бас- пас…“
„Бај- пас“.
„Сеедно. Ако не го вгради тоа, како се вика, и Милена умре, готово е, ќе нема скршен динар во куќата.“

Погребната поворка полека се наближи до местот на закопот. Попот ја промумла молитвата и и’ стави крај на погребната Тишина.

„А, колка и е пензијата?“, го праша чико Спире тетин Стојмир.
„Двеста евра“, рече тетин Стојмир и издиша.
„Па добро“, му рече чичко ми, „ако го платиш бај- пасот вложените сретства кје ти се вратат за помалку од петнаесет месеци“, истреска чичко ми нешто, не го разбрав до ден денешен што сакаше со тоа да каже…
„Чекај, а колку може да живее со бај- пас?“
„Незнам, две – три години“.
„Kaко не знаеш. Па даваат ли гаранција?“, налутено праша чичко Спире.
„Не даваат.“
„Види богати“, рече чичко ми цинично, „пари ќе ти земат, а не даваат гаранција. A чиј е тој апарат. Кој го прави?“
„Незнам ни тоа, докторот ми објасни ама не го разбрав добро. Некоја јапонска фирма, ми се чини.“
„Јапанци!“, се насмевна чичко ми мангупски.
„Еби го.“
„Мислиш?“
„Ма секако“, oдговори овај самоуверено. „Јапанци не можат да направат таква работа.“
„Ама, ќе ми умре мајка ми.“
„А една е мајка“, додавам јас, нежно, а тетни ми Стојмир замолче резигнирано и како да се предаде.

До крајот не кажа ни збор. Малку подоцна, се разделивме.

Помина од оваа случка околу месец дена или може и помалку. Понеделник наутро, го отварам весникот, ја отварам својата омилена рубрика, а тамо баба Милена. Песничка не и ставиле, затоа што тетин Стојмир никогаш немаше смисла за такви ствари, а ни сестра му.

Погребот беше оваа пролет, па некако дојдоа два едно по друго, па повеќе немаш за што да зборуваш со роднините. Оние свежи вицеви што ги имавме се потрошија на предходниот погреб. Стоиме тетин Спире и јас настрана, додека попот повторно нешто мрзливо мрмла со своето „кандило“. Eден ден, жими господ, ќе го расцепам некого со кандилото.

„И што бидна?“, го прашувам јас чичко ми. „Ништо, Стојмир не сакаше да плати бај- пас.“
„Тука е бај- пасот“, рече загонетно тетин ми Стојмир.
„Каде?“
Ни покажува со брадата кон сандакот додека двајца гробари го спуштаа сандакот во дупката.
„Платил, будала“, рече чичко ми Спире, „а старата умре на операциона сала“.
„Стојмир плати две илјади евра, а мајка му умре?“
„Па, дали докторот ги врaти парите?“
Тетин ми ништо не одговори, само жалосно ме гледаше. Како да сакаше да каже: „Ех синко, каде ти живееш.“

Лопатата со мокра земја одзвонуваше од сандакот, тетин Стојмир со скршено срце гледаше во дупката а јас и чичко ми Спире ги наваливме главите една до друга, готово посрамени од неговата несреќа. Како да е тоа мала работа? Веројатно сиромшкиот некаде ќе се вработи, а успат и две илјади евра ги фрли во дупка. Е, да те ебам, животе…

Да се разбреме, јас не сум за тоа докторите земаат мито. Ама побогу, платите се мали, жените константно незадоволни, а пансионите во Австрија секој Јануари се се’ поскапи. Неколку не- оданочени илјади евра на секој добро би му дошле.

Дали би можело во болниците да се спороведе некаков шалтер за рекламација?

Или, да се донесе закон ако некој претепа доктор како вол, да не се гони кривично.

Ете, толку.

Нема веќе добри и лоши цицки, има само 90 – 60 – 90

Posted in колумни by нашпознатблогер on the јуни 5, 2008

Жалосно е што некој поминуваат цел живот со крив нос, танки усни, клемпави уши, шпицаста брада, кратки нозе,  и со години ја влечат својата голема задница позади себе. Ма, секако, не си ги сакаат ни носот, ни усните, ни ушите, ни нозете ни газот.

Кје се погледнат во огледало и огорчено помислуваат: „Боже драги, зарем тоа сум јас?” Tие во себе се доживуваат како подобри личности, нивната душа е поубава, нивната куќа не заслужува таква пајажина. Се чувствуваат  измамени.

Имаат впечаток дека требало да добијат подобро генетско наследство, а не сакаат да веруваат дека во само неколкуте моменти на несмасниот секс на своите родители до смрт се детерминирани со танка коса, криви заби, кокошкини  прсти и пеги. На мама и тато секоја чест, ама тоа едноставно не се тие. После се мора да е некоја грешка…

„Не, не, простете. Тоа е невозможно да сум јас. Кје одам да се жалам.

Нема пробелм господиние. Пополнете го формуларот и со фотокопија од лична карта и  двеста евра упатете се во соба 21.

Но, свесни сте дека тоа не оди така лесно. Државата не ви исплаќа отштета за тоа што сте низок, тоа што имате клемпави уши или задникот  ви е како северна Дакота. Кривицата кје си ја барате во козметичката и рекламана индустрија.

Овде давам акцент посебно на жените. Мислам, ја не би сакал да сум жена и секое проклето утро да се будам со таква огромна задница и масна коса а да знам дека на другата страна од планетата живеат Наоми Кембел, Линда Евангелиста, Џулија Роберст, Анџелина Џоли и Гордана Јанкуловска.

Социјалниот притисок е огромен  и не ме чуди што повеќето кје пошандрцаат и кје се дадат во рацете на пластичните хирурзи, кои после ги месат до непознатливост, им ги смалуваат носевите и задниците, им ги зголемуваат усните и градите, пресадуваат коса и затегнуваат кожа. Ова последново, мене ми се чини е најстрашно.

Еднаш разговарав со еден човек кој дал да му се затегне кожата но, некако цело време се потргнував од него. Блеев како теле во неговото лице на кое не’ се покажуваше никаква емоција, лице на кое не можеше ништо да се прочита освен некоја евтина тупавост; потоа  ме испулнуваше некоја апсурдна бизарност која ме плашеше затоа што мислев дека кје му испукаат шашвовите од увото  и дека кје  му се откачи сопствениот образ како гранка која кје ме плесне по лицето.

Пластичната хирургија,  колку што јас имам разбрано, е успешна само ако сакате да изгледате како гумен репликан на самиот себе. Козметиката од  друга страна е природна но, безнадежна. Две полни лопати ноќна крема за лице нема да го направат утрото да го дочекате поубави. Немојте да наседнувате на новинските огласи и кампањи. На сите огласи кој ги гледате на телевизија за акни, бори и пеги не делува ниедна крема, најсовршената крема вие не можете да си ја дозволите, затоа што е генијална  и  се вика Adobe Photoshop 7.0.

Што тогаш да направиме? Како да живеема со гродсијата?

Убавината е плод на друштвен консензус кој може да биде променет. Еве, ние уште во оваа минута го менуваме и да видиме кој кје ни се спротистави.

Уште денес, секој кој сака може да си верувам дека е згоден. На изборите за мис ги примаат сите конфекциски броеви.

Значи, убавината е плод на друштвен договор кој може да биде променет. Тој конечно се менува од време на време, или од цивилизација до цивилизација. Ама не може да се промени ако се установи дека нема грди. Ако никој во суштина не e грд, тогаш никој во суштина не е убав, вредоностите се губат, друштвениот договор станува бесмислен. На некој може и кје му се бендиса тоа што кје помисли дека изгледот е небитен. Мене, во суштина,  ми е многу полесно да си разберам дека јас сум грд, отколку да си мислам дека во светот нема убавина.

Добро но, што уште еднаш да направиме против грдосијата? Па ништо. Склонете ми се да не ве гледам.

Ве молам за Внимание – летни одмори се ближат!

Posted in вести by нашпознатблогер on the јуни 2, 2008

Драги мои граѓани – селани и соселани. Ова лето на територијата од два милиони, едно милион и петстотини сиромашни – кје одат на одмор. Ве молам за внимание! Тие што кје одат кон Европа, или некоја шпанска егзотика, ги молам да ме разберат серизно и да ме прочитаат внимателно.

Во Европа луѓето се малку попристојни и имаат прилично „мило ем драгооднесување. Ако некоја жена или девојка во бар, или на плажа, ви се обрaти со: „Како сте денес господине? Дали добро спиевте?– тоа не’ значи дека ве провоцира да ја фатите за цицка. Aко некоја ви се насмевне и повторно пријатно ви се обрати – не’ значи дека сака да има две деца со вас.

Затоа ве молам! Европа на нас демне и за време на летни одмори. Ве молам да внимавате!

На крај: сигурен сум дека кје ви се згади од таа пристојност и финоќа, слободно можете по пат за дома да пцуете – како би се вратиле во нормала.

Ви посакувам пријатен одмор,
Ненад 

АПЕЛИРАМ: Живот на боловање!

Posted in колумни by нашпознатблогер on the јуни 1, 2008

Да бидам искрен,  многу ми се допадна  Вуната  и неговиот најнов пост (тука), го читаме заедно со мојата жена целиот текст, дословно, внимателно…Ја прашувам: „Драга, сакаш ли да изгледаме едно вакво дете?” – таа френетично се вознемири - нејзиниот прв сигинал беше: „Има слика?!  Сакам да го видам. Слика најдовме и жената го гледа зачудено и ми вели: „Супер е малиот но, само да не биде мрзлив?

(некаде во иднината детето  си дојде, машко, гледаме и се чудиме…)

Мојот десеттогодишен син после будење, двапати седмично си мери температура. Уште во пиџами се шета со млитав чекор низ куќата  со топломерот под мишка.

-Што му е?  – и шепнувам на жена ми загрижено.

-Контролна по математика – ми вели.

-Аха.

И така ние седиме со некаква ведра загриженост и ги чекаме резултатите од мерењето, додека тој кашла на цел глас како сите би го слушнале. Готово се сожалувам над него.  Затоа што  колку и детето да се труди топломерот  го издава со триесет и шест со четири.

-Дали е тоа добро или лошо – ме прашува мојот малечок.

-Тоа е доста лошо – кажувам јас покварено, а нему за момент, очињата му заблистаа. Го гледаш дека  за момент му се скока од среќа, ја подигна шаката, ја стегна тупаницата и извикна: „YES!”. Но, се контролира, мора да остане во улога  на играта која ја игра. Поради својата здравствена состојба не смее да изрази восхит во кој целиот трепери.

-Ова никако не ми се допаѓа – давјќи и го топломерот на жена ми.

-Ни мене – извикнува со тенорски глас.

-Тој сериозно е настинат!

Јас и жена ми почнуваме да се смееме, а синот настинато не гледа. Не ја разбира причината на нашата насмевка но, некако чувствува дека работите не се одвиваат најдобро за него. Сеедно, пробува повторно.

-Ќе одам ли во школо?

-Марш во соба да ги спремиш  книгите, битанго една!

Малиот жалосно влезе во собата а јас и жена ми се погледнавме и како да се прашавме дали сме ние престроги родители. Вероватно сме. Во суштина, што можеме ние да речеме ако малиот не сака да оди редовно на училиште и да пишува редовно домашна задача, со бедниот заклучок дека школото е неговата иднина?!

На кому овде, иднината му зависела од образованието?

Ајде бре  „илјадници ми громови!”, па што ако пропадне. Ако не биде добар во гимназија – ќе го преместиме во машинско; ако не биде и тамо добар ќе го дадеме угостителско; ако не биде и тамо добар ќе направиме Спортски кладилничар, па не е и тоа најлошото место на светот, ќе гледа резултати и ќе се клади на сите спортски приредби.

Повторно малку се замислив – зашто побогу тоа му го правам? Безвезе го обесхрабрувам детето кое има јасна патека за својата иднина. Ќе биде човек на боловање, секој од нас знае барем двајца кој така живеат со години. Имаат болесничко досие од петстотини страници во кое, освен нивните имиња презимиња, датум и место на раѓање – нема ниедна вистината реченица.

Да се разбереме, јас  сакам бесплатно образование, бесплатно здравство… Но, исто така знам дека луѓето генетски се мрзлива толпа каде се тоа ќе го злоупотребат и искомпромитираат. Тешко е да се донесе јасен и правичен суд, од еднастрана. Од друга, сум гледал безброј случаи каде благајничките и кога смеат и кога не, ги лажат своите работодавци.

АПЕЛИРАМ: ЖИВОТ НА БОЛОВАЊЕ!