Како да не бидете изедени од големите менаџерски пирани
Овие неколку дена се дружев со кошаркари кој се, ако може така да кажам, релевантни во своите професии. Би сакал нешто да кажам за младите играчи кој се желни да продолжат со игра – а парите ги бараат во странство.
Значи, нема никакви мерења или екстра вложувања. Нема потреба од ургенции на министри, претседатели, локални „смотанковци“ или некаква слична Општествена хиерархија. Единствено ви е потребно добра 30 минутна дискета со ваша игра и квалитетен Корукулум Витае – CV. Е сега, имате потреба од менаџер? Сега се осеќам како некоја Топ Шоп реклама, – мајку им јебем на медиумите што цело време се правам дека сум „имун“ на нивните Пропагадни материјали – се лажам, знам.
Деца, идни интернационални кошаркари, еве што имам да ви кажам (слушајте патилец – ако се сомневате во мојот Пост, Ве молам, слободен сум во било која форма да ви образложам – Орално, т.е. со уста): Најпрво: избегнувајте ги Менаџерските огранизации што работат на балканов. Тоа е под прво.
2.Најдобрите се наоѓаат во Италија односно, Интерперформанс на г. Лучијано Капичиони.
3.Немојте ни под разно да учевствувате во некакви „под рака“ трансакции или слични демагошки убедувања дека баш Вие сте избраниот и дека баш Вас ве очекуваат во клубот.
4.Секоја менаџерска организација е должна да ви обезбеди проба во странски клуб наспроти вашиот потенцијал и талент.
5.Секоја (здрава и професионална) менаџерска организација е должна (покрај точка 4.) да ви обезбеди Повратна Авионска карта (таа карта ја плаќа клубот кој е заинтересиран за Вас), хотел и храна.
6.Секоја (здрава и професионална) менаџерска организација мора да ве заштитува Правно – имаат тие секакви форми на заштита; некој нема да ви ја исплати договорената сума – тие ве заштитуваат легално, заверени документи и сл.
7.Мора да верувате во себе и да ја исфрлите историската „хомофобија“ – тоа ни остана од едни други менаџери кој владеejа околу петстотини години.
8.Верувајте дека денешните Менаџери немаат никаква врска со менаџерите кој се под точка 7.
9.Сакајте ги своите родители и своите другари од детството – затоа што откако ќе станете врвен и познат, единствено тие ќе ви останат во наследство – другото ќе ви дојде како „полукни – залепи.“
10.Следете го вашиот сон. Соништата се многу битни за секој еден поединец; селанец; граѓанин; и секој еден кој се родил под ова сонце!
Еви ви практично:
Агенцијата Интерперформанс
Ова се останатите Агенции, тука
-Може да им се јавите а исто така може да ги контатктирате по е-mail; благодарение на интернетот, работата се завршува од дома. Значи, вие седите, се допишувате со Менаџерската организација, а тие за тоа време, додека Вие тренирате напорно, Ви наоѓаат Клуб.
Верувајте ми покрај добар менаџер и менаџерска организација потребно е да имате квалитет и најважно од се е да верувате во себе. Ако ми ја препознаете искрената желба – ќе бидам задоволен.
Среќно!
Хладо Пиво – ај да послушаме
Последно време сум навлечен да се бричам на бербер. Имам впечаток дека мојот пријател Муштебан е Mасон. Има големо познавање од разни глобално – политички – скриено – фиктивни – конклузивни – идеологии. Така самиот ми рече. Секогаш уживам седнат на неговата столица. Ај да послушаме…
Блогери, политичари, новинари, естрада… Боки 13 – едно те исто
Гледам што се случува на Блогерската платформа; гледам што се случува во медиумите; редовно го следам Македонскиот Џет Сет; гледам што се случува со луѓето надразнети од „смотаните“ Политички елити…
Кога почнав да пишувам блог, тоа беше пред некои три години, не бев свесен за „силината“ што оваа Блогерска платформа ја може – ова е чист медиум, – ова е Блогерска естрада. Идиотските коментари од типот „ајде ако имаш мадиња покажи се со име и презиме“ во најмала рака е ужасна. Па сега ако има „будали“ да блогираат со имe и презиме тоа не значи дека секој е спремен да си го покажува името како некоја „мтв бештија“ која сака да биде „продадена“ на медиумскиот пазар (?).
Моето мислење (личен став во држава на ироничари и сеирџии?) е дека треба да се биде „нежен“ во овие „кревки демократски процеси“, затоа што кога веќе се изложуваш на Јавен (медиумски) простор тогаш треба да бидеш внимателен што и како интeрпретираш, зборуваш, пишуваш и соопштуваш. Знаете дека Медиумот не трпи секакви видови на Бидалаштина, па од тука и самиот лик добива ужасна популарност – некои тоа го нарекуваат и’ „инквизиција“ – кој е тој Курвин син што може без предрасуди да каже што и како мисли кога има камера пред неговиот сурат – делкан?
Еве што сакам да кажам: Протагонистот има јавен настап – тој мора да внимава што соопштува затоа што самиот Медиум го крева во „екстра“ популарност, и од тука, гледачите се дразнат и почнуваат да ги чувствуваат карактерните црти на Протагонистот: „овај е невиден глупак!“; „ех да знам кој тебе те стави пред телевизиор“; „цар и гениј"; „вистински е паметен, сочен и кул"; „која бидала ти дозволи да блогираш – кретењaрио веѓокубна“? Итн.
До луѓето од весниците, естрадата и политиката:
Секој човек, ако е доволно Консеквентен да размислува за самиот себе, некаде во некое „ќоше“ од својата душа мисли дека е Светец и мисли дека баш тој има најправилен Координатен систем за тоа што е добро и’ за тоа што е лошо. Така што…
Зошто се вратив на село
Kавадарчани купуваат трактори кои имаат 70 гига бајти енергија. Секоја Винарска шерпа има брза интернетска мрежа, а кокошките и кравите даунлодираат и до триесетина јајца во денот, т.е млеко…
На една маса седам јас – на друга брат Љубе во кавадаречкиот хотел „Бриони“. Атмосферата беше прилично традиционално гроздоберска – летаргија во послужавник. Испаничен келнер кој носи две македонки со компири и бокалче ракија наспроти порачаните два пилешки увијача со похован кашкавал и „тазе“ бунарче – преведено: вино бело со многу помаранџи и лимон. Седам со мојот пријател и половина време живеам / дишам а половина време набљудувам. Љубе во елемент. Три минути на мобилен и три минути гушкање со забраден „Осама бин Ладен“ облечен во шорцеви „Чикаго Булс“. Живот батиња. Боцни увијач; голтни вино; sирни го Љубета – животот е убав и кога знаеш дека Карневалот е тазе неорганизиран.
Зошто бе не сте кажале вакви работи?
Тоа беше генерално, но сега ајде малку да бидеме по-серизни и да ја опишеме целата атмосфера. Ако Љубе се вратил во сељачка средина за да ги посети своите земјаци, баш се прашувам какви се неговите размисли за иднината на оваа држава. Добро, знам дека ќе „какате“ и ќе ме поплукате ама едно ве молам да расчистиме: педесетгодишниот Социјализам доведе да луѓето се селат од селата во главниот град. Причината е многу јасна: не познавам луѓе кој би сакале да си пресудат на ваков „демографски рикверц“. Кој би можел да одолее на редовна вода со пристоен притисок, „серка“ во фино централно греење наместо „полски клозет“ и двор полн со „гнојница“ – преведи го ова и добиваш преработено гомно.
Што мислите, зошто селските жени секогаш се жалат на Господ? Тие секогаш се спремни за ваков трагичен случај. Со полно – валкани гаќи го довикуваат „царството небесно.“
Главната поента ми е дека Љубе, како и да го наречам, со своите „маркетингшки трикчиња“ нема да може многу да продаде селски аранжмани. Луѓето тешко дека ќе се одлучат да го напуштат главниот град. Многу им е помило централното греење и редовниот бојлер; сакаат лифтови и обиколници на Големите трговски центри; се навикнаа исто така да одат во кино.
А овдешните: наместо да се караат за кој да земе поголемо парче батак или варено јајце, тие сега треба да ги слушаат „приказните“ на Љубета и неговиот космополитизам – создаден во европската унија – благодарение на Мр. Хаг.
Уф! Сега ми е жал што ова го кажав. До вчера и јас живеев во град, сега, најверојатно ќе се посветам на „цвеќарската“ култура и ќе садам хризантеми и гладиоли. Ќе копам лозје и ќе „бршкам“ во преработените гомна – гнојници. Ќе носам гумени чизми и Распаран џемпер на риги.
Збогум климатизирана канцеларијо со 19 инчен монитор LG!
Не си во право Ненаде: Љубе повторно дојде за да го разбуди „граѓанинот во тебе“. Дојде повторно да ти каже дека сега треба да собираш сено и да баталиш „субурбан лајф“ ; дојде да ти каже дека треба да добиеш воспаление на плуќата и да умреш на пат до болница… Или коњ да те удри со копитата и да паднеш како покосен…
Видовте ли како брат Љубе се пресметува со своите политички неистомисленици? Но од друга страна, сите забораваат дека селото има многу поголем комодитет од градот – зарем никој не „сконта“ дека паркирањето е бесплатно?
Зошто мислам дека сите ќе одиме во Рајот
Секој пристоен човек кој ја примил Православната вера ќе признае дека повеќе му е’ нему направено зло отколку што тој на некому направил.
Кога би седел и анализирал во што луѓето веруваат, претпоставувавм дека повторно би се вратил на почетокот од било која книга за веронаука и би изјавил гласно: „За мртвите се нaјдобро. Нека почива во Мир!“ Ако оваа „посмртна парола“ се однесува на секој еден православен човек и верник, тогаш како треба истата да се интерпретира кога е во прашање некој кој има извршено Терор против човештвото? (знаеме сите во какви свињарии бевме заплеткани на Балканов, во 20 век)
Еве, замислете ситуација (ви барам само да замислите!) како доаѓате од Тетово према Скопје, го поминувате од десно првото мовче и веќе се наоѓате на првиот семафор во нашата метропола. Семафори и светлечки реклами има; згради има; куќите стојат не’ оштетни… Пополека се приближувате кон големите Кули близначки во Влае, ништо, штама… Продлжувате да навлегувате кон Карпош 4… И наеднаш „ПАФ!“ На огромен рид покрај хотелот Александар Палас испреплетени телата на 600 илјади мртви скопјани. Сите знаете дека Злочинецот против човештвото сум јас. Дали сега ќе ми се суди? Дали ќе лежам доживотно во затвор или треба да се бранам од Презумција на невиност како господинот Заев, ова само како илсутративен пример, или кога ќе дојде време да отидам на ‘оној свет’ дали тоа едногласно ќе значи: „Нека го прости Бог. За мртвите се најдобро“ (?)
Еве уште еден пример (овој пат не барам да замислувате – сведоци сте сите на оваа практика): „Немој да го избегнуваш ближниот свој, љуби го.“ Кога некој Поп или Владика ја искажува оваа реченица, дали тоа се однесува на жена ми, јас немам друг „ближен свој“. Ако се мисли на мојата мајка, тогаш претпоставувам дека таа не е „ближен мој“ – причината е многу едноставна – јас не живеам со мојата мајка од денот кога стапив во брак.
Да бидам искрен, јас понекогаш сериозно и со саати го избегнувам „ближниот свој“ – некогаш е навистина неподнослив.
Мојата заблуда продолжи во истиот оној момент кога ја прочитав статијата во Утрински. Некој Германец се Крштевал во водите на реката Треска, ја примил Православната вера а патоа ќе станел и македонски зет. Се е тоа фино. Но, дали попот или владиката и него го благословиле и му реколе да го љуби „ближниот свој“?
Веронауката продлжува во било која форма. Еве, покрај забраната за пушење цигари во кафулиња, стапи и забрана за алкохолот (пардон, добро!) – стапи забрана за алкохол после 19 часот. Ваквата општествена „метафизичка“ ситуација ме примора да се пријавам на листата кај Св. Петар.
Туп! Туп! Туп!
„Кој е?“ извика Св. Петар со остар глас.
„Јас сум Пречести Св Петре, Ненад, блогерот!“
„Ајде бре Ненаде, што сега имаш мака?“
„Пречести Св. Петере, во нашата мила Мекедонија не ни даваат да пушиме и да пиеме, дали ќе ми дозволиш да влезам во рајот?“
„Чедо мое! Ти си прекрасно момче… (Стојте! Знаете дека сите имаме желба барем за момент да се чувствуваваме силно, надмоќно и беспрекорно – оттука го измислив говор на Св. Петар и метафората за тоа дека сум „прекрасен“ – ми се може ебате – блогер сум или што?) верувам дека ќе ти се допадне тука, кај нас, во рајот!"
Воздивнав длабоко, низ телото ми проструи некаква чудна топлина.
„Само еден момент“, ми вели Св. Петар
„Овде е забрането пушење, но може да се пие.“
„Во ред, може ли пред твоите Рајски порти да заплам еден дим?“
„Moже, но само една, затоа што немам цела ден, и други чекаат.“
И веднаш почнав да вовлекувам како забудален.
„Сфуп! Сфуп!“ ја испушив експресно цигарата и со галопирачи чекор влегов во Рајот по флаша Даб.
Еј! Стојте! За Бруцелозата во Битола пак, не ви кажав ниту збор. Ајде, може пак и овците, ако се паметни, да стропаат на Рајските порти, ова е секако привремено, додека Министрите бараат стручни лица и лекови за нашите „горки“ проблеми.