Има ли некој присебен Оut There

Позади секој човек постојат афирмативни години, едните најчесто се обликувани од околината (тука мислам на државата), а другите најчесто се обликувани од семејството (тука мислам на “ориенталниот патерналитет“.). Имено, ако променливоста на светот се споредува со ефектот на громот, бидејќи и вселената управува со громот, односно вселената се управува со него, ајде да видиме каде е нашата Цивилизациска позиција на “вистинското“ сознание за битието, вклучувајќи го и човекот.

Како што ви реков, после ЕК (Јевропската “драфт“ верзија на Јевропската комисија – правец во кој Македонија мора да се движи!) државава сакале-не сакале, на некaков себесвојствен начин  “се развива“  пред нашите очи, па овие денови на долго и на широко се’ создаваат нашите патишта и животи  во таквата држава, да-бо-ме!

Животот  под  ваква  груевистичка номенклатура претставува јалов, штетен и губитнички не само во практична туку и во реална смисла, и во пркос на сите патетични прокламации – ваквата “државничка“ политика ни создаде живот на вечни нихилисти  – живот забиберен   под   маската на “политиката  на одговорност“,  а  таквата политика кога-тогаш  ќе се судри со сопствените лимити, односно – ќе се соочи со неизбежните консеквенци на „стореното“.  Груевски  и’  целата негова братија  сoздаде  една психотична ситуација во секојдневниот живот (а тоа го знам затоа што  сум жив!), така што со помош на Вербалната телевизиска пропаганда уште и создаде  насилие низ улиците: „Тепај го ближниот свој“ секако, во одбрана на идејата за изградба на црква на плоштадот во Скопје; понатаму  -  препораките на Европа отсекогаш биле да се разбере, ако се сака да се влезе, што точно  значи дискриминација и тортура од едно на друго човечко битие, но –  не!  Нам ни се случи убиство на младо момче со име Мартин Нешковски, а и не само Мартин, секојдневно се случуваат  и’  други лудила низ  локалните ендемски “подруми“  кадешто едните, но не и сите – влегуваат како  мејнстрим информациja. A по патот се е темно, опскурно  и м(р)ачно, пријателче!

И се е темно затоа што душата ти ја прават да биде посеана со сомнежи. Затоа што  само ако  интуицијата на индивидуалното е вистинита, фактот дека истовремените причини имаат истоветни последици е становиште кое тешко се докажува. Едно те исто тело може да биде студено или топло, благо или горчливо, влажно или суво, на едно место – но не и на друго. Сакам да кажам, без да завивам некакви алегорични трактати, имено -  трагикомичната и карикатурална  политика на лумпенпатриотизмот, до душа малку модифициран, не фрли сите во “Европски банкрот“. Имено, кога светот и Европа ти објаснуваат шест години дека има само еден извор  и два потока  – ти како по инерција го фаќаш оној полошиот, потокот  кој води кон Исток и кој реално и не’ постои – и потоа се прашуваш зошто ја живеам синтагмата  –  “пријатељу, пријатељу, марш у пизду материну?!“ (Р. А.)

„Тешко е“, би ми рекол Груевски.

„Те разбирам човеку,  тешко е! “, би му возвратил, „но зошто до-бога не се повлечеш и почнеш да се занимаваш со полесни работи?“

„На пример?“ би ми рекол Груевски.

„Па што знам, продавај пилешки батаци или свински полутки?“ би му возвратил.

Ма,  се шегувам! Знам дека десничарскиве “реформатори“ со се сета полу-писмена камарила ги заволе за Европа и правилата  по кои треба да се игра една “билатерала“. И тие знаат дека јас знам, ама не ми кажуваат – курназите! – секоја ден исчитуваат по една книга за Европските интеграции:

„Роле, што мислиш, заебано е, ама ќе им блебеме матер!“  а колегата Боле возвраќа  со аналитички Дух, оштар и’ како низ пушка: „мене  сето  ми е  проучено, Роле!  Се е тоа завера – ЦИА, ФБИ, Амерички дупелижачи и така тоа“, со сигурност констатира колегата Боле, и наведнувајќи се зема од лимените  пива – „глуб!“, „глуб!“, „глуб!!“, а  погледите на двајцата – амбициозни,  насочени   директно  кон Млечниот Пат.

Имено, има ли крај на оваа приказна? Нема. Се’ се  шири и се’ се продлабочува на сите страни. Наутро, министерот Тодоров,  ќе го изненадува Здравството со најави за бркање, а кога тамо ќе стигне: „Шалааа  мала бре луѓе, што сте се испаничиле – нема бркање! Нели гледате дека камермани имаше?!“    државнички министерот ќе ги смирува  вознемирените;  За време на ручекот – Лустраторите-инквизитори ќе формираат тела во кои „под лупа“ ќе бараат политичко-идеолошки „предавници“; За време на  вечерата  ќе гледаме како теоријата се претвора во пракса – во собрaнието секојдневен “Терор на Мнозиноството“ – дигање на рака и два прста, па ајде преброи: 1 (еден), 2 (два), 3 (три)… Тонч! Изгласано!

Таков е драги мои „падот во материјализам“ на Груевизмот; оттаму ја сркаат чистата мобилизаторска техника на пљачкосување и потпалување на страсти, а партизираната администрација,  судии, медиуми,  граѓани, Човекови Права (што е пак сега тоа?…)…?

Еее  Боле мој, кога ќе тргнеш по таква дива стаза нешто те тера да не’  застанеш, дури и кога ќе биде покорисно за тебе отколку за другите.



2 comments ↓

#1   gjoamitipoezija on 12.22.11 at 7:55 am

Aman be lugje, aj naviknete ednas na ubav zivot… a sega ne naviknte, kako utre kje se adaptirate na rajskite uslovi…

#2   gosevski on 12.22.11 at 11:44 am

Тој “Терор на Мнозиноството“ во мое маало се вика практикување демократија. Или кога не е на власт партијата која ти е идеолошки блиска (се разбира со папата ни начело) не ти се допаѓа како се практикува демакратијата? А веројатно не се работеше за “Терор на Мнозиноството“ во периодот од 1994 до 1998. Тогаш во Парламентот цветаше демократија, така, со апсолутно мнозинство на СДСМ од 98 %.
Е гледаш сега демократијата функционира како и секаде низ Европа…избори, демократски и фер, и на изборите гласачите решаваат кому ќе ја доверат државата да раководи со неа. Што досега не е јасно? “Груевизмот” по некаква случајност неколку пати за овие 5-6 години победува на такви од Европа признаени избори. И сега што не е јасно…?? Може тебе и на папата да не ви се допаѓа тоа…може да мислите дека народот не разбира, или е глупав…но тоа е само ваше субјективно чуство.
Жалам, ама во политиката и во демократските принципи и правила на игра нема чуство. И јас чуствував дека Реал беше подобар од Барса минатиот Ел класико…ама..ете, си изгубија. Чуствата остави си ги за во љубовниот живот.

Од кога нашава опозиција станала толку чуствителна…хммм?? Мора да се разнежниле откако го убија Диме поштарот на пример, или Ромчето Трајан кој се удави во Вардар “бегајки” од Алфите за време на министерувањето на кадар од СДСМ во МВР. Или некако тоа го забораваш во овој момент на филозофски занес во кој го пишуваш овој пост.
А тие “точни” информации за работата на Тодоров од каде ги доби? Од независните медиуми кои се уредуваат на Бихачка…така. Или можеби беше на лице место? А не…ти кажа некој партиски активист на СДСМ. Е гледаш, јас имам информации од париски активист на ВМРО. И сега…кои и чии информации се точни?
Остани ми со здравје и не претерувај со филозофскиот занес…светот се врти и животот тече, сега и овде. А мечтите за некогаш и некаде кога твојата партија ќе ја замени оваа “лумпенпатриотска” на власт само ти одземаат време.

Напиши коментар